Taekwondo
Теквондо е корејска боречка вештина и национален спорт на Јужна Кореја. На корејски тае значи удар или блокада со ногa, квон е удар или блокада со рака и до е пат, начин или метод, значи теквондо во груб превод значи патот на раката и ногата. Името теквондо може да се најде вo најразлични варијанти како на пр. теквон-до, те квон-до или те квон до, поради историската, филозофска или политичка основа и различноста на организациите. Тоа е комбинација од борбена техника, самоодбрана, спорт, вежба а во некои случаи и медитација и филозофија. Во 1989 година теквондотот стана една од најпопуларните боречки вештини по бројот на луѓе кои го практикуваат. Gyeorugi е вид на спаринг кој е дел од Олимписките игри уште од 2000 година.
Постојат две гранки на вештината теквондо коишто не се целосно меѓусебно поврзани:
- Традиционално теквондо се однесува на неговото поставување во 50тите и 60тите години во јужнокорејската армија како и во различни организации вклучувајќу ги училиштата и универзитетите. Името и симболизмот на традиционалниот модел се однесува на елементи од корејската историја, култура и религиозна филозофија. Денеска Кукивон или исто така познат како Светскиот Теквондо Штаб е традиционалниот центар на Теквондото во Кореја.
- Теквондо како спорт е развиено во 50тите години со сосема различна цел од традиционалното каде е нагласена брзината и компетитивноста. Тоа се дели на два стила: првиот произлегува од Кукивон каде се почетоците на спарингот наречен sihap gyeorugi кој како настан е дел и од Летните Олимписки Игри и предводен од Светската Теквондо Федерација, другиот стил припаѓа на Интернационалната Такевон-До Федерација.
Постојат повеќе научни разлики и разлики во техниката помеѓу двата стила и помеѓу двете организации но воглавно оваа вештина става акцент на ударите со нозе изведени од мобилен став користејќи го нивниот дофат и сила. Тренинзите вклучуваат цел систем на блокади, кикови, удари со отворена шака но и фрлања, соборувања и залажувања со замав. Некои од теквондо инструкторите го вклучуваат и користењето на потисни точки познато како jiapsul како и техники за самоодбрана позајмени од други вештини како хапкидо и џудо.
Историја
Најстарата корејска вештина е спој од повеќе борбени стилови за невооружена борба развиени од трите ривалски корејски царства Когурео, Сила у Баекје каде биле подучувани млади луѓе на невооружена борба со цел да развијат сила, брзина и способност за преживување. Најпопуларната техника била субак односно таеккиеон како дел од субак техниката. Оние борци кои покажувале голема, природна способност за борба биле избрани како обучувачи во посебните воени корови наречени Хваранг. Се верувало дека младите луѓе кои поседувале талент за вештини ја имале благодатта да станат едни од нaјголемите воини. Овие воини биле учени на научни како и на боречки вештини, учеле филозофија, историја, кодексот на етика и јавање. Нивниот воен тренинг се состоел од обемни програми за користење на оружје како што е мечување и стрелаштво на коњ или на нозе и подучување на воени тактики и невооружена борба користејќи ја субак техниката. Иако субак е претежно ножна техника, кралството Когурео ја додале и рачната техника во субак вежбите.
Карактеристики
Теквондото е препознатливо по ударите со нога а таа техника го одделува од другите боречки вештини како што е каратето и кунг фу-то. Главниот принцип е дека ногата е најјакото и најдолго човечко оружје кое постои во боречките вештини а ударите со нога го имаат најголемиот потенцијал да извршат силен удар или пак да го спречат. Од историска гледна точка корејците го имале мислењето дека рацете се премногу драгоцени за човекот за да ги користи за борба. Како боречка вештина теквондото е популарно меѓу луѓето од секоја возраст и пол. Тоа развива сила, брзина, рамнотежа, флексибилност и издржливост. Како пример за спојот на менталното и физичкото е кршењето на даски , цигли или керамички плочи за кои е потребна физичка подготвеност и концентрација за насочување на силата кон едно нешто. Еден теквондо ученик на тренингот носи униформа наречена добок во бела или црна боја (а денес може да се сретнат во секакви бои) со појас околу половината. Има три главни модели кога станува збор за добок униформата поврзани со носењето на горниот дел: првиот модел е во типичен азиски стил на облекување со преклоп, горен дел со V израз кој е особено препознатлив за оние кои ги практикуваат стандардите на СТФ и моделот на јакна со вертикално затворање препознатлив за оние од ИТФ. Бојата на појасот главно го претставува рангот на ученикот а тоа значи колку е потемна бојата толку е повисок рангот. Школата каде се вежбаат техниките е наречена до-јанг. Главниот мастер на школата е наречен гван-јанг-ним. Вториот главен мастер е са-беом-ним, инструкторите се гуо-сан-ним. Асистентот на инструктороте наречен јо-гуо-ним. Традиционално се вежба бос но постојат и специјални патики кои можат да се носат при вежбањето. Иако секоја вежбачка школа е различна, ученикот е дел од следните дисциплини:
- учење на техниката и правилата на однесување во теквондото
- анаеробни и аеробни вежби и истегнување
- одбранбени техники (hosinsoo)
- Форми (poomsae, teul, hyeong)
- спаринг (gyeorugi, matseog in ITF) кој вклучува 7-, 3-,2- или 1- поен, спаринг во слободен стил, договорен спаринг, спаринг на броење и други видови.
- вежби со релаксација, медитација и контрола на дишење.
- техники со фрлања и паѓања ( deonjigi i ddeoreojigi)
- полагање за нов ранг, појас
- кршење на даски (gyeokpa ili weerok) поделено во 3 типа
- кршење со употреба на сила- користење на техники за да се скршат што е можно повеќе даски
- кршење со употреба на брзина-даските се држат за еден агол ставајќи акцент на брзината со која е скршена даската
- специјални техники- кршење неколку даски со удари во скок или за да се собере повеќе сила за висина, дистанца или да се поминат пречки.
Светската Теквондо Организација е основана во 1973 година и влече корени од Корејската Теквондо Асоцијација.КТА е основана во 1972 година со центар во Дојанг, Јужна Кореја а по само неколку месеци името се менува во Кукивон. Следната година се формира Светската Теквондо Федерација. Интернационалниот Олимписки Комитет ја признава СТФ и теквондо спарингот во 1980 година. Иако термините СТФ и Кукивон често се заменуваат еден со друг по грешка.